Почина актерот Димче Мешковски. Тој се мачеше со повеќе болести имајќи притоа четири бајпаса и тумор на паратироидна жлезда. По долга и храбра битка со истите денеска за жал не напушти. Тој починал мирно во својата фотеља додека бил со својата сопруга, си заминал мирно и како што од секогаш сакал без да биде носен веке по лекари. Нека почива во мир.
Доајенот Мешковски се оствари во улоги во многу театарски претстави по кои ќе биде запомнет („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), исто така учество имаше и вп телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.