Полицаец е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош по вчерашниот пожар кој пепелоса стан во Карпош. Пожарот изби по екплозија на плинска боца.
Како што информираат од МВР станот на ул.„Разловечко Востание“ бил во сопственост на 60-годипниот Д.Ѓ. Освен полицаецот кој побарал лекарска помош поради вдишување на чад, други повредени нема. Од полицијата додаваат дека предизвикана е само материјална штета.