Се руши уставниот поредок и со ова законско решение пред нас законот за експропријација. Согласно овој закон кој е поднесен со европско знаменце се однесува и за бесправно изградени објекти и има изедначување на оние кои имаат имотен лист плаќаат даноци и поминале низ одредена процедура за расчистување на имотно правните работи доколку имало такви и оние кои немаат, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на денешната собраниска седница на која се расправа по пакетот закони кои се однесуваат на реализација на коридорите 8 и 10д.

„И само Артан Груби кај поминува трасата низ кои објекти, шуми и слично. Замислете на колку такви земјишта би можело да се каже дека имало објекти кои никогаш не постоеле. Ние сме во држава во која умот на оние од власта им оди во тој правец некој само мисли како да профитира и ништо повеќе“, рече Панова.

Според неа бидејќи измените се спротивни на Уставот и ако Уставниот суд држи до тоа што одлучил треба да ги укине овие членови.

„И ако имаме претседател кој се залага за владеење на право не би требало да го потпише указот за овие законски измени“, рече Панова.

Според Панова клучно е и кој ќе контролира на колку објекти ќе треба да се изврши експропријација.

„Се вели законот нема финансиски импликации, а ќе бидат платени многу пари, кој ќе го контролира ова, колку ќе бидат исплатени, што ако некој не се спогоди со државата, има многу дилеми“, рече Панова.