АТИНА – Понудата на станбени згради во Грција секоја година се намалува, изградбата на нови згради е забавена, а многу станбени згради не се користат.
Според проценките на експертите, на грчкиот пазар има недостиг од повеќе од 100.000 станбени имоти, пишува Катимерини.
Претставниците на агенциите за недвижности наведуваат дека во центарот на Атина вкупната понуда на недвижности во 2022 година е намалена за 7.727 во однос на 2021 година.
Според владините податоци, 750.000 имоти не се користат и има многу причини за тоа.
Многу имоти се стари и бараат значителни реновирања за да бидат повторно функционални, а друга причина е што многу имоти имаат повеќе сопственици, што е особено случај со становите во центарот на Атина.
Цените за изнајмување станови пораснаа, па ова е една од причините зошто многу сопственици се одлучуваат да изнајмуваат недвижен имот наместо да го продаваат.