И покрај предупредувањата и забелешките, повторно вандализам во скопски Аеродром. За ова се огласија од Општина Аеодром кои апелираат на почитување на јавните површини.
Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани.
– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.