Кошаркарите на Бостон селтикс се на еден чекор од влез во историјата како прв тим досега во НБА кој ја добил плејоф-серијата откако гио загубил првите три меча, откако ноќеска, во драматичен меч со луд финиш, како гости го совладаа Мајами хит (104-103) и изедначија на 3-3 во финалето од Источната конференција.
Херој во таборот на „келтите“ беше Дерик Вајт, кој го постигна победничкиот кош на неверојатна десетинка до крајот на мечот и тоа по офанзивен скок, по тешкиот шут на Смарт да му донесе триумф на својот тим. „Жешките“ не заградија како што треба, меѓу нивните високи кошаркари се протна Вајт, кој за луда среќа ја испушти топката момент пред црвеното светло да светне на таблата од кошот на домашните. Претходно, Џими Батлер на три секунди до крајот ги погоди трите слободни фрлања за да му донесе водство на Мајами (103-102), но не влез во големото НБА-финале.
DERRICK WHITE BUZZER BEATER FOR THE WIN 🔥🔥🔥
CELTICS SEND IT TO GAME 7. pic.twitter.com/F8bw9aYpme
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 28, 2023
Двата тима одиграа на својот максимум, а играчите на Бостон водеа во најголемиот дел од средбата, дури и со двоцифрена предност во последниот период. Но, составот од Флорида се врати на крајот, дојде во ситуација и да победи, но Вајт на 0,1 секунда до крајот им ги урна надежите за завршување на обврската во источното финале. Тејтум со 31 поени беше најдобар кај Селтикс, Браун уфрли 26, додека Батлер беше најефикасен со 24 поени кај Мајами. „Мајсторката“ се игра во Бостон ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2.30 часот.