Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет. Ова во итнервју го изјави за радио слободна европа го откри холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој оценувајќи ги последните случувања во советот рече дека тој се претворил во нелигитимно тело.

 

Од судски совет пак велат дека засега нема да ја коментираат оваа изјава на холандскиот амбасадор, но посочуваат и дека претседателот на советот Сашко  Георгиев ќе иницира средба со Коп.

 

Судскиот совет со внимание го проследи интервјуто на холандскиот амбасадор во земјата, но за сега нема да ги коментира изнесените тврдења дека се става во мирување голем проект затоа што „Судскиот совет станал нелегитимно тело“ . Но, ова прашање ќе биде тема на утрешниот работен колегиум, на кој членовите на Советот ќе дискутираат за сите важни аспекти поврзани со овој случај, по што ќе заземе и став како да продолжи овој важен проект и во иднина. Претседателот на  Георгиев размислува и да предложи средба со холандскиот амбасадор, на која ќе може да се разговара за сите отворени прашања, но и како да се унапреди долгогодишната соработка со оваа амбасада.

 

Судскиот совет е тело кое во последните неколку месеци постојано го тресат скандали, а по контроверзното разрешување кон крајот на април на тогашната претседателка Весна Дамева, Георгиев стана трет претседател на советот во последните пет месеци. И Дамева, како и нејзината претходничка Павлина Црвенковска, се жалеше дека нејзиното заминување е мотивирано од притисоци со политичка позадина, а минатата недела двајца членови на советот пријавиле дека им било претурано по работите во канцеларија. Дека советот навистина е во големи проблеми покажува и последната претставка за која веќе ОЈО оформи и предмет, а која се однесува за примање на мито од страна на член на судски совет и врховен судија од Штип.