Учебната година во ОУ „Рибникар“ завршува на 2 јуни, бидејќи тоа е единственото решение за излез од кризата, беше одлучено по седницата на Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ и претставници на државните институции.
Денеска во Претседателството на Србија се одржа средба на која се сретнаа Миланка Негиќ – мајка на девојчето Софија Негиќ, кое загина во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, Бојана Недељковиќ – заменик претседател на Советот на родители, претставници од сите релевантни државни институции и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Од понеделник, 5 јуни, сите ученици од училиштето „Владислав Рибникар“ ќе се сретнат во ОУ „Свети Сава“ – во попладневната смена, каде ќе имаат активности наменети за нив.
Во делот на училиштето, ќе се гради меморијален центар во спомен на сите жртви од страшниот масакр, што е иницијатива иницирана од Миланка Негиќ.
Родителите им се заблагодарија на сите кои беа со нив во текот на сите денови по големата трагедија и помогнаа јавноста да го слушне нивниот глас.
По завршувањето на инспекцискиот надзор во ОУ „Владислав Рибникар“, Министерството за образование поднесе предлог за разрешување на директорката Снежана Кнежевиќ и формирање на привремен орган на управување со ОУ „Владислав Рибникар“.