Поради повредата Надал го пропушти настапот на Ролан Гарос, а првпат по 19 години го пропушти настапот во Париз. Последниот натпревар го одигра во 2. коло на Австралија Опен.
Потоа му беше дијагностицирана повреда на левата нога, поради која пропушти девет турнири во календарот: Доха, Дубаи, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Годо, Мадрид, Рим и сега Ролан Гарос, што на крајот го чинеше 2.370 поени и елиминација од топ 10 играчи во светот за прв пат од април 2005 година.
„Во моментов не сум во можност да се натпреварувам, не е можно. Ќе се обидам да закрепнам во следните месеци, нема да одредам датум кога треба да се вратам на терените. Кога ќе бидам физички подготвен, ќе почнам од почеток. Може да се случи на крајот на пример да играм во Дејвис купот. И да бидам подготвен за почетокот на следната сезона. Мислам дека тоа ќе биде мојата последна година во кариерата“, изјави овој шпански тенисер порано.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња ја направил операцијата во Барселона, каде фотографијата е направена во болничкиот кревет, а како што пишуваат локалните медиуми, поточно Relevo, резултатите од операцијата ќе бидат објавени денеска, на денот кога го слави својот 37 роденден.
Иако неговите обожаватели се загрижени поради фотографијата која кружи на интернет, олеснување е што тој е насмеан и расположен, а како што кажа претходно, мотивиран уште еднаш да се избори со повредите и да се врати на теренот.