Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои првото место на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка.

Тој во групата три беше најбрз, постави рекорд на патеката во првото возење и на крајот го освои првото место. Ова е уште еден фантастичен резултат за Иџе оваа сезона.

Иџе Стефановски со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ стигна прв на целта со време од 3:18.159, пред Австриецот Ханес Зенц (3:18.748), а третата позиција му припадна на домашниот возач Мартин Јерман (3:20.894).