По 10 месеци службена влада поставена од претседателот Румен радев Бугарија денеска конечно доби редовен политички кабинет составен од двата лути политички противници коалицијата продолжуваме со промената – Демократска Бугарија и ГЕРБ. Владата има мандат 18 месеци. Премиер ќе биде кандидатот на ПП-ДБ, Николај денков, а вицепремиер и министерка за надворешни работи поранешната еврокомесарка Марија Габриел. По девет месеци Денков и Габриел ќе напрват ротација на местата.
Владата доби поддршка од 131 пратеници од ПП-ДБ, ГЕРБ-СДС (минус еден) и двајца претставници на партијата на Турците ДПС. Но, како што пишуваат бугарските медиуми, тука не е крај крај на политичката криза, нејзината иднина е нејасна и останува заложник на разни интереси и процеси.
Против беа 69 пратеници од БСП, Преродба и Има таков народ.
ПП-ДБ пред своите гласачи го аргументираше постоењето на кабинетот со потребата од рестартирање на државата и уставните реформи, а ГЕРБ, исто така, во вторникот сигнализираше дека можат да ја преиспитаат својата поддршка.
Симболично додека пратениците разговараа за кабинетот, главниот обвинител Иван Гешев до Собранието ги испрати податоците од потрагата „Барселонагејт“, а претседателот Румен Радев демонстративно си замина пред новите министри да положат заклетва.
Денков во обраќањето пред пратениците ги посочи приоритетите на владата: брзото поднесување на буџетот, влезот во Шенген и еврозоната, спроведувањето на уставните реформи во правосудството.