Премиерот Димитар Ковачевски на денешната лидерска средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил оредвремени парламентарн избори, но прво за тоа да се изгласаат консензуално уставните измени со кои ќе се внесат Бугарите во конститутивниот акт.
Извори од Влада и од партијата СДСМ брифираат за медиумите дека премиерот дошол со план и конкретни 3 предлози, а засега познати се само два од нив.
Се дознава дека едниот предлог е „заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата и да ги изгласаат во Собранието“, а вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи „продолжување на европскиот пат и обединување околу стратешкиот интерес на земјата“.
Клучното барање на Мицкоски пред лидерската средба, како што тој најави, е да се одржат предвремени парламентарни избори.