Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави предвремени избори, но не прецизираше датум; дополнително најави и низа економски мерки.
Повторно ги повика претставниците на опозицијата на преговори – пред распуштање на собранието и распишување избори.
Тој ја отфрли идејата за формирање преодна влада и рече дека оние кои сакаат промена мора да ја постигнат на избори.
Премиерката Ана Брнабиќ повтори дека е подготвена да поднесе оставка во секој момент и ја обвини опозицијата за злоупотреба на две масовни убиства.
Поради нив – десетици илјади граѓани секоја недела протестираат барајќи разрешување на министерот за полиција и директорот на разузнавачката служба, распуштање на РЕМ и одземање на националните фреквенции од две телевизии.
Вучиќ најави и голем број економски мерки.