Македонскиот некогашен ракометен шампион ќе направи промени во својот состав по лошата сезона во која клубот заврши дури на третата позиција во домашниот шампионат, односно единствената позитивна работа е освоениот Куп на Македонија.
„Црвено-црните“ ќе ги освежат своите редови, потврден е ангажманот на Стефан Петриќ, договорено е и крилото Марко Срдановиќ, а во меѓувреме се работи и на други засилувања од кои едно ќе дојде од Португалија.
Се работи за талентираниот Нилтон Мело кој има 19 години, висок е 197 сантиметри и ја покрива левата бековска позиција.
–Почнав да барам проект кој ќе ми овозможи да бидам професионалец и да работам исклучиво со ракометот. Имаше некои пoнуди од Шпанија, но дојде и од Вардар и по анализирањето се беше јасно. Признавам без изненаден, порача Мело кој минатава кампања ја минал на позајмица во Виторија од Спортинг.