Вчеравечер околу 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг на ул.„Караорман“ во Охрид, две лица физички и со метални предмети го нападнале С.Д. од Охрид.
Како што соопшти МВР, С.Д. бил пренесен во специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.