Кривичниот суд денеска треба да ја изрече пресудата за предметот „Софтвери“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, а кој се однесува за набавката на софтвер за контрола на сообраќајот во период кога со Генералниот секретаријат раководеше токму Рашковски.
Два дена пред пресудата, пак, Рашковски на прес-конференција образложуваше за жалбите кој ги поднел до Стразбур.
Жалбите во најголем дел се однесуваат за притворите кои им беа одредени, а Рашковски обвинува дека Обвинителството самоволно носело одлуки за притвор, без притоа да им биде овозможено правото на жалба на одбраната.
Рашковски нагласи дека за ова ќе бара одговорност од судот во Стразбур и нема да прифаќа никакви спогодби.