Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти.
Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека мажот работи во германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.
Од мај тој човек во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.
Истрагата е водена во соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за заштита на Уставот.