Три лица осомничени за шпионирање за Русија во Велика Британија се уапсени и обвинети како дел од поширока безбедносна истрага.
Осомничените се бугарски државјани кои наводно работат за руските безбедносни служби, пишува Би-Би-Си.
Тие беа уапсени и задржани во притвор во февруари врз основа на Законот за службени тајни.
Тие се обвинети дека поседувале лични документи за кои знаеле дека се лажни. Имале пасоши, лични карти и други документи за Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.