Почина девојката којашто завчера беше прегазена на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, дознава „Слободен печат“. Според информациите на порталот, девојката итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што итно била оперирана, но им подлегнала на повредите.

Несреќата се случи во средата, околу 22.30 часот.

Како што соопшти тогаш МВР, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот, соопшти тогаш МВР.