Откако вчера се одржа протест за случајот на клиниката за Онкологија, внимание привлече транспарентот на Апасиев кој беше под секое ниво. Со ваквиот простотилук кој се покажа преку транспарентот „СДС к*р да пушите“ се појавуваат сомнежи дека Апасиев одработува за власта и го задушува гневот за Онкологија.
За оваа случка на својот Фејсбук профил се огласи и главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев. Во продлжение неговиот став.
Човек кој држи ваков транспарент на протест против еден класичен здравствен геноцид (спроведен благодарение на власта), може да биде само простак.
Со овој простачки чин, простакот уринира врз болката на сите оние кои изгубиле некој близок благодарение на монструозноста која се случувала на клиниката за Онкологија.
Ова е толку одвратно што дури се сомневам дека целта на овој простак е со вакво простачење да се делегитимира целта на протестот и со тоа да и се помогне на власта.
Секој оној кој на наредните избори ќе гласа за овој простак, е простак!, пишува Златев на Фејсбук.