Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека општината започнува со реализација на втората фаза за реконструкција на одводниот канал во Стајковци.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
ЗАПОЧНУВАМЕ СО ВТОРАТА ФАЗА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОДВОДНИОТ КАНАЛ НА УЛ. АНТОН ВЕЛКОВСКИ ВО СТАЈКОВЦИ.
Со задоволство можам да ја најавам реализацијата на втората фаза за целосна реконструкција на одводниот канал за атмосферски води на ул. Антон Велковски во Стајковци.
Со реализацијата на проектот ќе се направи регулација на атмосферските води, а внатрешноста на каналот ќе се изгради од армиран бетон.
Вредноста на договорот изнесува 10.100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Реализацијата на овој проект доаѓа како барање од жителите на населеното место Стајковци.
Проектирањето на ефективен систем за одведување на насобраната вода е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови и токму во таа насока како локална самоуправа делуваме. – напиша Стефковски.