Екипажот се катапултирал и се евакуирал, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Околу 10:00 часот за време на планираниот тренинг лет се урна авионот Су-34. Екипажот на авионот, кој се состоеше од две лица, се катапултира и се евакуираше на домашниот аеродром. Нема опасност по нивното здравје“, се наведува во соопштението.
Авионот се урнал далеку од населени места и не предизвикал материјална штета на земја. Како што соопшти Министерството за одбрана, летот бил извршен без муниција.