Енергетскиот пијалок Прајм станува популарен меѓу младите во Македонија, што веќе ги крена лекарите на нозе на Запад, бидејќи една лименка содржи кофеин колку, приближно, шест лименки Кока Кола или две конзерви Ред Бул.
Производителот не го препорачува за лица помлади од 18 години, но тоа не е гаранција дека децата нема да го купат.
Откако увидот излезе на терен, соседна Словенија ја забрани кофеинската верзија на овој енергетски пијалок. Откриено е дека кофеинската верзија на овој енергетски пијалок содржи состојка Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ.
Верзијата на хидратантниот пијалок останува на полиците, вели 24ur.com.
Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побара проценка на ризик од Националниот институт за јавно здравје.
Оттаму појаснија дека од доставената документација, проценетата изложеност на кофеин преку конзумирање на енергетските пијалоци Прајм укажува на постоење на веројатност за негативни ефекти врз здравјето на релевантните групи на население, па оттука, енергетските пијалоци Прајм претставуваат ризик за здравјето на деца и адолесценти поради содржината на кофеин.