Нафтената компанија „Арамко“, во сопственост на Саудиска Арабија наскоро би требало да стане главен спонзор на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Од договорот ФИФА ќе заработува 84 милиони долари годишно.
Некои извори го наведуваат „Арамко“, како „најпрофитабилна компанија во светот“ ќе ја спонзорира ФИФА во наредните 10 години.
Веројатно ова спонзорство се поклопува со 2034 година, кога Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство. По повлекувањето на Австралија, Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин за организација на овој Мундијал.
Американскиот весник „Тајмс“, пишува дека преговорите меѓу „Арамко“ и ФИФА се во завршна фаза.
Саудијците на тој начин би ги замениле „Виза“ и „Кока-Кола“, кои со години имаа монопол на рекламирање на нивните производи на најголемите фудбалски натпреварувања.