Додека е „под гас“, пее по кафеани и отвара шишиња вино, нека го праша српскиот претседател Вучиќ како ја држи инфлацијата пониска од нашата, растот на БДП повисок од нашиот, изградени автопати, привлечени странски инвестиции итн.

Така луѓето можат да имаат корист од неговите турнеи со вино, Ковачевски може да научи нешто.

Ние сме изненадени што Ковачевски може да биде толку среќен кога стапката на сиромаштија во Македонија е скоро 600 илјади луѓе, 80 илјади луѓе се во екстремна сиромаштија, има рекордна инфлација, основните производи се поскапи во просек за 40%, три пати повеќе од Европа, долгот на државата рапидно расте, а нашата економија е најстагнантна во регионот.

Ковачевски може да се забавува и да поставува бакханалии низ регионот со денови. Резилот е негов, но и на Македонија за жал. На следните избори ќе следи отрезнување

П.С.: Ковачевски да внимава, алкохолот може да го боли како нож во стомакот, особено што имаше операција на абдоменот и се уште има проблеми што го спречија да оди во војска, се вели во партиското соопштение.

Извор: Kanal5