Кинеската армија забрани да се користат автомобили на американската компанија „Тесла“, кои имаат вградено камери, бидејќи властите се плашат дека тие можат да собираат доверливи податоци.
Според наредбата издадена од кинеската војска, сопствениците на автомобили „Тесла“ треба да ги паркираат своите возила надвор од воените простории.
Претставникот на „Тесла“ во Кина одби да ги коментира информациите, а кинеското Министерство за одбрана не одговори во врска со таа информација.
„Тесла“, како и другите производители на автомобили, користи неколку помали камери, главно поставени на надворешната страна на возилото, за да го олесни паркирањето, да овозможи функции на автопилот и на автономно возење.