Пратениците од Редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Тимчо Муцунски и Миле Лефков остварија средби со стопанствениците од Кочани, при што беше разговарно за за состојбите во стопанството и економската криза, како и за и недостатокот на поволни можности за поголеми инвестиции.
-Заедно со колегите Миле Лефков и Тимчо Муцунски во општина Кочани разговаравме за состојбите во стопанството, кое за жал се соочува со големиот притисок на економската криза и недостатокот на поволни можности за поголеми инвестиции и нови вработувања, објави на својата Фејсбук страница Милошоски.