По иницијатива на екс генсекот на Владата на Македонија, Драги Рашковски, Канал 5 нуди ТВ дуел помеѓу Рашковски и некој висок претставник на озпоциската партија во „Само вистина“.
-Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот ако после се може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За се што до сега ме обвинуваа, изјавил Рашковски за Канал 5 ТВ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски веднаш се огласи дека прифаќа.
-Кажете му на ЕлТендеРашко дека два метра чисто ВМРО ќе му застане пред него. Па баш да ги видиме тие „два три шамари за народот“ што се фалеше, пишува Стоилковски на Фејсбук.
Кажете му на ЕлТендеРашко дека два метра чисто ВМРО ќе му застане пред него.
Па баш да ги видиме тие “два три шамари за народот” што се фалешеPosted by Naum Stoilkovski on Friday, March 19, 2021