Македонскиот репрезентативец Дарио Ивановски во трката на 10.000 метри која се одржа во рамките на завршницата од Купот на Македонија што се одржа во Скопје постигна нов државен рекорд минувајќи ја целта со време од 30 минути 4 секунди и три стотинки и за 21 секунда и седум стотинки го надмина 41 година стариот државен рекорд на Милан Маџгаљ.
Ивановски заедно со Јован Стојоски е еден од двајцата кандидати за настап на Летните олимписки игри во Токио.