Израелската Брза помош објави дека во нападот се повредени двајца мажи, на возраст од околу 20 години, а еден од нив се здобил со тешки повреди.
Инцидентот се случил во близина на населбата Шеик Џарах, каде претходно почнаа масовни протести поради најавеното иселување на палестинските семејства, а тој инцидент служеше и како причина да започнат 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас во Газа.
Израелската армија соопшти дека еден од ранетите е израелски војник.
-Војникот доби медицинска помош на самото место и беше пренесен во болница за понатамошно лекување, се вели во соопштението на армијата.
Еден од двајцата избодени мажи носел униформа на израелските воздухопловни сили.
JUST IN – Stabbing attack in Jerusalem, near the National Headquarters of the Israel Police. 2 wounded, assailant neutralized.pic.twitter.com/kW9faezQ7u
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) May 24, 2021