-До нас пристигнаа информации кои фрлаат сомнеж дека така „скроена“ спецификација е направена при распишување на оглас за набавка на пневматици од страна на МВР, кој бил распишан на 09.10.2019 година, а за кој имаме сомнежи и информации доставени од свиркач дека помошник министерот во МВР задолжен за јавни набавки – Андријана Савеска Павловска, вршела притисок врз лицата кои го изготвуваат огласот да ја променат спецификацијата, со што таа би можела да фаворизира еден понудувач. Иначе, Савеска Павловска е поставена на функцијата пред нецела година и според нашите информации вршениот притисок е регистриран и пријавен и за него постои службена белешка во МВР. Посочената Савевска Павловска во тој момент не била надредена на лицето кое ја подготвувало тендерската документација и огласот, а за ваквиот притисок е известен и тогашниот помошник министер кој е сега во пензија, но реакција од МВР нема. Што се случува со овој случај? Имено, со одлука на МВР тендерот е добиен од страна на „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје, врз основа на најниска понуда, но по жалба од „Мотоцентар“ жалбата се усвојува и се враќа на повторно одлучување, по што МВР повторно одлучува исто и повторно го избира „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје. „Мотоцентар“ уште еднаш се жали, но повторно неуспешно, за на крај МВР да ја поништи постапката и повторно да распише нов оглас, истакна Јанушев на 19-ти мај годинава.
Како што може да се види во официјална објава од Бирото за јавни набавки, сомнежите објавени од ВМРО-ДПМНЕ се вистинити. Се потврдува големиот скандал со дрско трошење на народни пари.
Имено, МВР на тендер за гуми избира фирма која никогаш не добила државен тендер. Оваа “зделка“ е со досега невидена сума за оваа намена и тежи неверојатни 1.3 милиони евра.
Како што е наведено на Јавни набавки, Пнеуматик Груп ДОО досега добиле два тендера за 4 гуми во средно училиште во Тетово. Набавката на гуми тогаш чинела вкупно 300 евра, а сега 82.600.000 денари или 1.343.089 евра, пренесуваат од Курир.