Новиот предлог Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата, во која живеат младите, Со него се воведува етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид, велат од СДСМ.
Филмови, анимации, видео прикази, галерии на слики и задачи се дел од мултимедијалните содржини кои ќе бидат дел од образовната реформа за дигитализација на образованието која следната учебна година ќе биде спроведена како пилот проект само во четврто одделение, а печатените учебници нема да заминат во историјата. Реформата на образовниот процес е одговор на долгогодишните барања на наставниците и на многу генерации на ученици, за подобро и поквалитетно образование, за подобра иднина. Кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, во интерес на учениците, наставниците, во интерес на иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени.ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од обидите за блокада на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес, велат од СДСМ.
Денешните партиски протести на ВМРО-ДПМНЕ се уште еден во низата обиди да им се наштети на наставниците и ученици, да му се наштети на образовниот процес. ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше образованието, ги манипулираше и дискриминираше наставниците. Го спушти кавлитетот на образованието на дно и нашите ученици покажуваа најслаби резултати на меѓународни тестирања.мИ сега како опозиција ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување, со лаги и невистини да го опструира и блокира напредокот. Но треба да им биде јасно дека нема да успеат да ги закочат реформите во образованието, нема да успеат да го закочат напредокот на државата, велат од СДСМ