Итна вонредна седница

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. За ова на социјалните мрежи информираше претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Нормализирање на јавниот превоз

Според него, Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сè од градоначалничката Данела Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на Град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена.

-Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација, нагласи Славески на социјалните мрежи.