Промена на позадината направи Венко Филипче, а по партиски инструкции и другите функцонери го сторија истото:

Веројатно за ваков „најрадикален“ чекор и најгласен „патриот“ меѓу социјал-демократите преку ноќ стана Оливер Спасовски, кому малку му беше само позадината, па ја смени и профилната фотографија со македонско знаме.

Новите потпретседателки на партијата, Каја Шукова и Кристина Косотова, но и оние кои веќе се длабоко етаблирани во партијата и биле поранешни министери Благој Бочварски и Јована Тренчевска исто така ги променија своите профилни и фотографии на позадина со слики од македонското знаме.

Се огласи и градоначалникот на СДСМ, Коста Костадинов објавувајќи слика со македонско знаме и краток текст за семакедонско обединување: „Да се обединиме сите пред да биде доцна! Никој не смее да гази врз достоинството и честа на Македонија!“.

Меѓу многуте фотографии се останати активни градоначалници, пратеници, но и симпатизери.

Кај сите е забележливо дека се ставаат слики исклучиво со македонското знаме, се вртат две-три фотографии, а на никоја од нив ги нема функционерите туку само знамето.