Експрес објавува дека Дамева вчера реагираше на објавата на пратеникот Антонио Милошоски кој ја обвини дека таа противзаконски сака да остане на својата позиција.
Еден од оние што јавно ја коментираат Дамева и даваат конкретни аргументи за скандалот со кој Дамева сака да си го продолжи мандатот е адвокатот Филип Медарски кој дава аргументи базирани на закон според кои Дамева не смее со помош на колегиум надвор од законот да остане на позицијата подолго од 5ти Декември.
,,Сметам дека апсолутно нема никаква правна основа за продолжување на времетраењето на мандатот на Претседателот на Судскиот Совет, и тоа од повеќе причини.
Најпрвин, Законот за Судски совет не дава таква можност. Мандатот е фиксно определен на времетраење од две години и не е пропишана можност за негово продолжување доколку поради фактички или правни пречки неговиот носител за определен период не може да ја извршува функцијата.
Argumentum a contrario, законодавецот во повеќе процесни закони изречно пропишува кога определени рокови не течат и како тоа влијае на вкупниот рок.
Тоа е во ситуации кога протекот на рокот доведува до губење на определени права и заради тоа има логика рокот да не тече за определен период.
Мандатот има сосема друга правна природа, подразбира вршење на јавни овластувања и заради тоа оваа логика не е апликабилна.
Во овој контекст, сосема е погрешен резонот дека “мандатот треба фактички да се извршува две години”.
За ниеден мандат во државата ова не важи,зошто би важело за мандатот на Претседателот на Советот?
Така, доколку било кој избран или именуван функционер за определен период фактички не може да го врши мандатот, било поради болест или било која друга причина, тоа не значи дека мандатот ќе се продолжи за тој период.
Со ваквото резонирање, Судскиот совет ја дерогира и сопствената Одлука (за враќање на Претседателот на Советот на позицијата) со која одлучува дека претходната Одлука од 05.12.2022 година останува во сила, што значи дека доколку таа Одлука останува на сила, времетраењето мандатот е до 05.12.2024 година и тоа е тоа, нема можност за продолжување.
Во случајов посебно загрижува начинот на кој Судскиот совет се обидува на мала врата да го протурка ова решение. Да се одлучува за ова прашање на состанок на колегиум, со заклучок, сметам дека е во најмала рака скандалозно”, вели адвокатот Медарски запрашан за изјава во врска со случајот.
Што кажа Дамева вчера
,,Фактички” има две години а практично се крши законот. Повеќе може да прочитате ОВДЕ.