Штотуку до нашата редакција пристигна фотографија од патниот правец кој води од Гостивар кон Маврово каде од терен ни дадоа информација дека штотуку имало сообраќајка. По кратка пауза чекање во местото истата е расчистена, а патот повторно е прооден.

На стража има снег.

Сообраќајот на патот се одвива тековно во зимски услови. Најниска темпратура утрово е измерена во на Попова Шапка. Започнаа минусните температури а на Шапка е минус 5 степени. Во Маврови Анови се измерени -3, во Крушево -2, во Берово -1.