Продолжува инвестицискиот бум на Владата. Ќе се инвестираат 40 милиони евра во Кичево, а белгиската компанија ќе отвори 600 нови работни места ќе добијат кичевчани. Министерот Муцунски се огласи за инвестицијата.
Денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствувавме на поставувањето на камен-темелникот за изградба на нова фабрика за електронски батерии за автомобили, од белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. Оваа значајна инвестиција, вредна 40 милиони евра, во наредните години и низ повеќе инвестициски фази, ќе отвори 600 нови работни места, што директно ќе придонесе за поттикнување и развој на локалната економија, подобрување на животниот стандард и забрзување на економскиот раст на државата, пишува Муцунски.
Споерд Муцунски почетокот на денешната инвестиција е уште еден успешен пример и потврда за ефективноста на политиките што Владата и другите надлежни институции ги креираат во делот на привлекувањето странски инвестиции.