Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на партиска прес-конференција.

Во ситуација кога знаеме дека Груби обликувал судски одлуки, логички се поставува прашањето, колку предмети се завршени под негов диктат?
Во колку предмети правдата не излегла или никогаш нема да излезе на виделина, затоа што Артан Груби земал мито? Артан Груби и СДС го имаа приватизирано судството.

Паниката кај ДУИ и СДС е и затоа што не можат веќе да влијаат на цели одлуки и обвиненија, и ќе мора да одговараат за сите криминали кои ги правеле“, рече Петрушевски.