Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.
– Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот, напиша утринава министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во тимот што ја направи третата транплантација на срце.
Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.
– Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден, напиша Митрев.
Успешно направена третата срцева трансплантација
Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд…Posted by ZAN MITREV on Sunday, May 30, 2021
Ова е првата жена кај нас што доби вештачко срце. Во сите три случаја, и кога пациентите беа мажи, дарителки на срце се (семејствата на) починати жени.
Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.