– Ги охрабрувам граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори. СДСМ е отворена за сите без разлика дали се членови на СДСМ или не. Сите граѓани кои имаат желба а се стручни, докажани и посветни во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да дадат свој придонес во креирање и развојот на политиките на СДСМ – рече таа.
Лукаревска кажа дека овие работни тела на партијата се особено важни за подготовка на изборните програми, за процесот на креирање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани и се во интерес на државата.
Повикот трае до 11 јуни.