Тунелот кој неспособниот Шилегов го ветуваше под Кале пред 4 години, два пати му пропадна уште пред да биде започнат, а мостот кај Владата остана само празно ветување на хартија.

Мрзеливиот Шилегов не ги изгради новите булевари, не ги изгради ветените мостови, не ја продолжи Илинденска и мостот за спојување на Карпош со Ѓорче Петров, но затоа сега повторно ги ветува,  омаловажувајќи ги скопјани правејќи ги дека се со кратка меморија.

Од пофалби за трамвај како сообраќајно решение, нема ништо да видиме, но затоа откако му заврши мандатот ветува БРТ кој всушност ќе биде автобус, а не трамвај, и кој само ќе создаде поголем сообраќаен хаос и поголем ризик по безбедноста на сообраќајот, а да не зборуваме дека ќе бидат залудно фрлени 70 милиони.

Во ваква ситуација мрза и неспособен човек како Шилегов научна фантастика ќе биде и подземна улица која навистина може да реши сообраќајни проблеми на скопјани.

Не постои ниту еден голем проект кој го изгради, ниту една капитална инвестиција и ниту една добра работа за скопјани. Толку е неспособен Шилегов што дури и ветувањата за жичарница и до средно Водно, скијачка патека на Водно и зиплајн од Кале како и Луна парк не успеа да ги испланира, камо ли да почне да ги гради.

За тоа колку е Скопје зелен град говори фактот дека во време на Шилегов, Скопје често беше во најзагадените градови, а некогаш и најзагаден град во светот пред Калкута, Шангај, Бомбај, Њу Делхи, Лахоре и Дака.

Е само во тоа успеа Шилегов да го прослави Скопје и во тоа да го направи, најдобар ама во загадување. Скопјани не се со кратка меморија и ја гледаат неспособноста на Шилегов и затоа залудни му се ветувањата затоа што локалните избори ќе ги загуби