Утрово во Радио Лидер гостува Агим Јонуз со кој во предновогодишното опуштено издание. Во оваа емисија Јонуз

Македонија веќе 30 години ја живее драмата на Горан Стефановски „Лет во место“. Прво имаме несериозен настан кон државата како наша заедничка земја, како нешто кое би изградиле дом. Што и да сте по националност немаат одговорност кон државата. Државата е брод на кој пловиме заедно. Тонеме како Титаник, вели Јонуз.

Јонуз поентира дека на Македонија ѝ фали казнена политика.

Ако во 2025 година ако не почнеме со еден елемент кој е клучен и најбитно повторно ќе се бавиме со дневна политика, ќе му го крадеме времето на Господ, а државата, мојата, наша убава Македонија ќе пати. Да не изиграваме современици на 21 век. Што ѝ фали на Македонија? Казна! Казнена политика. Привилегијата моја во моментов е тоа што сум на јавен медиум, ова е повик повеќе отколку прашање. Дали кој, кога, зошто, дали беше отворен за било што?, прашува Агим Јонуз.

Гостинот вели да заборавиме на интеретнички вокабулар.

Луѓе, или ќе ја оправиме оваа Македонија или сериозно ќе пристапиме кон крадење на системот онаков каков што е. Или час поскоро ќе заброавите на интеретнички вокабулар ќе се префрлите кон технички. Или час поскоро ќе сфатиме дека сме во бездна и дека не одиме напред, или ќе продолжиме да тонеме, вели Агим Јонуз.