Нелегална трговија со нафта

Претходно вчера беше објавено дека бродот под знамето на Куковите острови бил дел од руската „флота во сенка“ за нелегална трговија со нафта. Превезувал безоловен бензин натоварен во руско пристаниште. Финската полиција започна истрага за саботажа, пренесува Ројтерс. Директорот на Националното биро за истраги на Финска, Робин Лардот, рече дека најверојатно сидрото на бродот го пресекол кабелот.

Финскиот оператор за пренос на електрична енергија Fingrid на Божиќ објави дека интерконекцијата Естлинк 2 од 658 мегавати, која ги поврзува Финска и Естонија, на 25 декември напладне ненадејно се расипал. Денеска стана јасно дека нејзиното закрепнување ќе трае неколку месеци, објави Ројтерс.

Estlink 1 останува активен со капацитет до 358 мегавати, но тоа можеби не е доволно за одржување на снабдувањето со електрична енергија во зима.

Владите на Финска и Естонија синоќа одржаа итни состаноци

Во петокот, Естонија соопшти дека испраќа патролни бродови за да го чува Естлинк 1. Министерството за одбрана соопшти дека морнарицата го преземала чувањето на кабелот за да ја обезбеди врската меѓу Естонија и Финска. Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур јасно стави до знаење дека нападот врз критичната инфраструктура ќе биде проследен со соодветен одговор.

Владите на Финска и Естонија синоќа одржаа итни состаноци за да ја проценат сериозноста на ситуацијата. Двете земји, кои имаат пристап до Балтичкото Море, се во состојба на висока готовност поради потенцијална саботажа. Во изминатите две години, откако започна целосна војна во Украина, тие претрпеа серија прекини во енергетските кабли, телекомуникациските врски и гасоводите.

„Полицијата, во соработка со граничната стража и другите власти, го истражува синџирот на настани кои доведоа до инцидентот“, се вели во синоќа објавеното соопштение од финската полиција. Се проверува можната улога на странски брод“, се вели и во текстот.

Шведска го истражува прекинот на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море

Шведската полиција го истражува и прекинот на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море. Случаите се од минатиот месец, а според германскиот министер за одбрана Борис Писториус се работи за саботажа. Финска, исто така, продолжува да ја истражува штетата предизвикана минатата година на гасоводот Balticconnector, како и прекинот на неколку телекомуникациски кабли.