Вкупната вредност на договорот без ДДВ изнесува 1.347.458,00 денари, а вкупната вредност на ДДВ-то изнесува 242.542,00 денари, со што вкупната вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 1.590.000,44 денари.
Договорот бил склучен на 27.05.2021 година еден месец по распишувањето на огласот на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило.
Најниската добиена понуда на огласот била на фирмата донатор на СДСМ, Друштво за производство, трговија и услуги ДЕЛУКС-АУТО ДООЕЛ увоз-извоз Кумановово во износ од 1.347.458,00 денари, а највисоката добиена понуда била 1.900.000,00 денари.
„Делукс ауто“, фирмата-донатор на СДСМ од Куманово доби низа милионски тендери, како тендерот за набавка на „шкодите“ за МВР, тендери од општините кои се под власт на СДСМ.
Во септември лани пак Делукс ауто Куманово склучила договор со Државниот инспекторат за животна средина, за набавка на теренско возило во вредност од 23.000 евра и во овој случај понудата на кумновската фирма била единствена.
Како редовен добитник на тендерите од државните изнтитуции, ДЕЛУКС АУТО, оваа година освен тендерот за најбавка на возилото на Пендаровски, го добила и тендерот за набавка на возило за Уставниот суд, во 2019 година за скопскиот Основен кривичен суд.
Исто така во 2018 година како единствен понудувач го доби тендерот за набавка на автомобил за Основно суд во Тетово, односно продала возило во вредност од 19.000 евра.
Сите документи за склучените договори се објавени на Бирото за јавни набавки. Дури и самото Биро за јавни набавки набавило од Делукс ауто Куманово, луксузен автомобил, во вредност од 32.000 евраисто така како единствен понудувач.
Според јавно достапните информации, Делукс ауто Куманово склучила договори и со други институции, како Централниот регистар, Македонски енергетски ресурси, министерството за одбрана како и ЈП ЗА Водоснабдување Кичево.