Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, експерт за финансии и политички аналитичар, ја оцени презентацијата на инвестициониот план од 8 милијарди евра на премиерот Зоран Заев како несериозна и го спореди со поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски.
Ова редење на најави е како Груевски со неговата надградена и проширена програма, кога ги нареди 10-12 енергетски објекти и ниту еден не се изгради. Кој се обврзува дека овие планови ќе бидат реализирани? Каде е гаранцијата дека некоја Влада ова ќе го реализира – рече Хаjредини во вестите на Канал 5.
Поранешниот министер ваквиот настап на Заев го оцени како предизборен фолклор, откако премиерот најави проекти во следните пет до шест години во енергетиката, животната средина, малопродажбата, туризмот и инфраструктурата.