На прес конференција премиерот Христијан Мицкоски во однос на цените во маркетите вели дека некои на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити и дека инспекциските служби се на терен. На прашањето од новинар дека има поплаки од производителите дека се уценувани од два маркети Тинекс и Веро кои се обидувале да го изиграат Законот за нефер трговски практики и им се давале договори со 10 посто маржа, а потоа им се давале други договори , премиерот изјави дека ако тоа се случува тоа е кривично дело.
Од овој момент кога ќе ја напуштам оваа прес конференција ќе се обратам до инспекциските служби најави Мицкоски.