Вучиќ пред одлука дали во Србија ќе има нови избори
За Вучиќ избори во Србија е една од можните опции. Тој се пожали дека просториите на СНС ширум Србија се напаѓани со денови.
Веќе со недели и денови траат напади врз просториите на Српската напредна странка низ цела Србија. И така, претходната вечер, некаде меѓу три и четири часот наутро, речиси истите лица од истата анархистичка група во Нови Сад цртаа графити и оставаа пораки на нашите простории – изјави Вучиќ, пренесува Танјуг.
Во говорот тој ја повтори реториката која со денови ја шират провладините медиуми и неговите соработници. Тој додаде дека граѓаните во наредните десет дена ќе дознаат дали ќе има нови избори по падот на Владата.
Претседателот Вучиќ најави реконструкција на Владата и помилување за студентите
Вучиќ ги осуди нападите врз патријархот на СПЦ
Вучиќ најави дека ќе се појави во Нови Сад и ги осуди нападите врз патријархот на Српската православна црква.
Оние фаланги што напаѓаат, оние што го нарекуваат патријархот „Профитиј“ и мислат дека не ги повредиле верските чувства, ние ќе им се спротивставиме. Како еден од основачите на движењето, ќе се појавам во Нови Сад поради сепаратистичката агенда на северот на Србија. Бидејќи не ми паѓа на памет да бегам од било кого. Ако народот ја сака Војводина како Република, тоа е друга работа. Но, ние ќе се спротивставиме на тоа со цврст став – рече Вучиќ.
Тој ја повтори тезата од собирот во Јагодина дека странските сили сакаат да ја прогласат Војводина за независна држава.