Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за новороденчиња во 2025 година
И оваа година аеродромци ќе добијат еднократна парична помош од 8.000 денари за сите новороденчиња родени во 2025 година на територијата на општината.
Кој може да аплицира?
✅ Родители на новороденче родено во 2025 година во Општина Аеродром.
✅ Посвоители, со приложени соодветни документи.
Потребни документи за аплицирање:
📌 Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето).
📌 За посвоено дете:
Фотокопија од извод од матичната книга на родените.
Фотокопија од Решение за посвојување/адопција.
📌 На увид: Важечка лична карта или пасош на барателот.
Како да поднесете барање?
Формуларите (Барање за парична помош и Изјава за согласност за обработка на лични податоци) може да се подигнат во Општина Аеродром или да се симнат од веб-страницата на Општината
Детални информации може да добиете на следниов ЛИНК.
Каде се поднесува?
Во Архивата на Општината, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Краен рок за поднесување:
- 31 март 2026 година (за новороденчиња во 2025 година).
- 31 март 2025 година (за новороденчиња во 2024 година).
Помош од Општина Аеродром – која е целта?
Со оваа мерка, првиот човек на Општината, Дејан Митески сака да им помогне на родителите во покривање на почетните трошоци за новороденчето, покажувајќи дека грижата за најмладите е еден од нејзините врвни приоритети.
За потсетување, општината преходно даваше и помош за првачиња.
Општина Аеродром е една ретките општини во Македонија со позитивен прираст.