Комунална со нов директор: Јетон Незири разрешен – на негово место Сабахудин Рустеми
Според неофицијални информации, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по петти пат смени директор на ЈП „Комунална хигиена“. Досегашниот директор Јетон Незири е разрешен, а на негово место е назначен Сабахудин Рустеми, на кого веќе му честитаат на социјалните мрежи.
Редакцијата на „Скопје1“ побара официјален став од Град Скопје за причините зад оваа промена, но засега нема одговор.
Кој е Сабахудин Рустеми?
Рустеми доаѓа од Сарај и е познат како поддржувач на ДУИ. Од неговите активности на социјалните мрежи се забележува дека:
✔️ Јавно го поддржувал Блерим Беџети
✔️ Бил дел од протестниот камп на ДУИ пред Уставниот суд
✔️ Објавувал слики со пречкртаните ликови на Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова
✔️ Повикал на бојкот на маркетите „Стокомак“ и „Кам“
✔️ Се гордее со УЧК и Талат Џафери
Повеќе може да погледнете преку фотографии кои ги објави медиумот Скопје1
Ангажман во Комунална хигиена
Според извори, Рустеми бил ангажиран во „Комунална хигиена“ пред неколку месеци преку агенција.
Градот молчи за причините
Град Скопје не дава одговори на прашањата зошто е сменет Незири, што погрешил, и каква е биографијата на новиот директор. Со оглед дека ова е веќе петта смена на директор во ова претпријатие, граѓаните очекуваат поголема транспарентност и објаснување за честите кадровски промени.
Дали оваа промена е дел од поширока политичка игра или вистински обид за подобрување на работењето – останува да видиме. Факт е дека скопјани може да соочат со нови и дополнителни проблеми во Комунална.