Масовен бојкот на маркети се очекува да има денеска од страна на грашаните. Маркетите денеска се очекува да останат празни, откако граѓаните започнаа најавен бојкот како израз на незадоволство од високите цени. Тие се револтирани од енормните поскапувања и го гледаат ова како начин да испратат јасна порака до трговците, но и до властите.

„Ова е аларм за трговците, но и за Владата, која мора да реагира“, се вели во дел од пораките што кружат меѓу граѓаните.

Ќе донесе ли резултати овој масовен бојкот на маркети?

Економските аналитичари сметаат дека вакви акции можат да извршат притисок за намалување на цените, но нагласуваат дека ефектите ќе бидат поголеми ако бојкотот трае подолго. Од своја страна, премиерот Христијан Мицкоски најави мерки и засилени инспекции, со цел да се провери оправданоста на ценовниот раст.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8 проценти.

Граѓаните со поделени ставови за бојкот на маркетите

Во очекување на бојкотот, дел од маркетите вчера објавија намалување на цените на одредени производи, акции за потрошувачите, а некои планираат попис.

Бојкотот  се шири низ регионот

Идејата за бојкото на маркети потекна од Хрватска, каде пред една недела граѓаните ги оставија маркетите празни, со што им зададоа сериозен удар на трговските синџири. Овој пример веќе го следат и земјите од регионот.

Освен во Македонија, бојкот на маркети за денеска е најавен и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Хрватска, пак, започнува нов, еднонеделен бојкот, во обид дополнително да изврши притисок врз маркетите.

Останува да се види дали оваа акција ќе доведе до намалување на цените или ќе резултира со нова бран ценовни поскапувања.